(ФОТО) Убедлива победа на „Паразит“: „Медена земја“ влезе во историјата!

„Бевме блиску со PROUD но не успеавме…
Сега бевме блиску и со HONEYLAND и повторно не стигнавме до врвот…
Ама јас сум сепак PROUD со сите награди што ги освои HONEYLAND на многуте реномирани филмски фестивали во светот… И на двете номинации за Оскар… Ќе остане тоа вечно запишано во историјата на оскарите…
Нашите уметници почнаа да се тркаат со најсилните… Не е ли тоа доволно за да бидеме горди?
Нашата земја е МЕДЕНА ЗЕМЈА… Ете го нашиот бренд!“, прекрасна забелешка на Фејсбук со која , ако сте искрени, ќе се согласите…

Филмот „Паразит“ доби Оскар за најдобар филм, за најдобра женска улога беше наградена Рене Зелвегер, а Оскарот за машка улога фо однесе Хоакин Феникс…
05.28
Џејн Фонда ја додели наградата што сите ја чекаа. Оскар за најдобар филм на задоволство на сите присутни, го доби филмот „Паразит“. Ова е прв филм кој не е на англиски јазик а што освои Оскар. „Никогаш не можевме да замислиме дека ова ќе се случи, среќни сме. Ова е многу важен момент во историјата“, рече Кван Син Ае, актерка во филмот „Паразит“.

05.16


Оскарот за најдобра актерка и беше доделен на Рене Зелвегер за „Џуди“. Актерката и се заблагодари на можноста да биде во друштво на луѓето со која работеше на филмот и истакна дека оваа награда и’ значи.

05.11


Оскарот за најдобар актер отиде во рацете Хоакин Феникс како дел од Џокер. „Јас сум толку исполнет со чувство на благодарност и не мислам дека сме подобри од другите колеги затоа што ја делиме истата љубов кон оваа професија“.Глумецот својата минутажа за говорот ја искористи за да се осврне на егоцентричниот свет, на односот кон природата. „Ако ја искористиме љубовта како главен двигател можеме да развиеме добар свет и за луѓето и за животните“.

04.57


Стивен Спилберг го најави изведувањето на „Yesterday“, песна која ја исполни Били Ајлиш, а за тоа време Академијата се потсети на уметничките имиња кои повеќе не се со нас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …