(ВИДЕО) ЗБОРОВИ КОИ „КИНАТ“ ДУША – Бред Пит освои Оскар а потоа се расплака пред цел свет!

Бред Пит беше награден со Оскар за неговата споредна улога во „Беше еднаш во Холивуд“, а за совршената ноќ облеката ја нашол во Италија.
Она што се очекуваше беше она што се случи. Бред Пит го освои Оскарот во 2020 година. Непотребно е да се каже, дека тој предизвика големо внимание и на црвениот тепих.
Пит изгледаше совршено а се држеше на дистанца, впрочем, малку како што прават вистинските „шмекери“. Ако сакате да кажете дека Пит во педесеттите години изгледа исто така занесно како порано, па дури и ако времето го направило повеќе шармантно, слободно направете го тоа.

Не е негова вина што тој изгледа вака добро, но неговиот стајлинг на Оскарите крие и една тајна.

loading...

Пит беспрекорниот костум го набавил во Италија, односно кај италијански бренд за кој снимил модна кампања пред неколку месеци. Таа соработка би можела да го оправда стајлингот на Бред Пит минатата вечер. Така Пит го поврзал корисното и убавото, а не само што одлично изгледал туку и ги испочитувал модните правила на Оскарот, во кои се вели дека мажите на доделувањето на наградите треба да носат костуми, а жените долги фустани.


Кога ја прими наградата, Бред им се обрати на своите наследници набројувајќи ги нивните имиња, без кои, како што рече тој, немало да биде таму каде што е.
“Ова е за моите деца, кои влијаат на сè што правам. Ве сакам. Исто така оваа награда ја посветувам на Квентин Тарантино. Филмската индустрија не би била таква каква што е без тебе”, рече Бред Пит кога зачекори на сцената за да го добие Оскарот. .
Бред беше многу емотивен кога го држеше говор, а секој можеше да види колку очите му беа полни со солзи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) МАСЛО СО КОЕ ЖЕНИТЕ ДОМА ГИ „БРИШАТ“ БРЧКИТЕ: Оние кои го пробале велат дека му нема рамен!

Рибиното масло содржи висока концентрација на витамини А и Е, кои ја прават кожата мазна …