ЈА ПРОНАШЛЕ ВО НЕСВЕСТ – Силувана, тепана со камења и жива закопана: Девојчето го нашле во крв – се бори за живот!

Силувачот го намамил девојчето во напуштена куќа
Десетгодишно девојче се бори за живот по бруталниот напад. Во моментов е во критична состојба.
Младата жртва го напуштила семејниот дом околу 9:30 за да купи чоколадо од локалната самопослуга. Откако не се вратила долго време, загриженоста на нејзините родители се зголемила и тие тргнале во потрага по девојчето, пренесува Дејли Меил.
Полицијата соопштил дека 21-годишната невработен млад човек, кој живеел во истата населба, ја намамил во блиската напуштена куќа и ја силувал, а потоа ја изудирал со камен по главата пред да се обиде да ја погреба жива, пренесува „The Times of India.“.
Девојчето било пронајдено околу 10:30 часот, во несвест и со крвава глава. Осомничениот е уапсен.
Ова е една од низата брутални напади врз жените во Индија. Запаленото тело на 27-годишна ветеринарка било пронајдена кон крајот на ноември минатата година во близина на градот Хајдерабад во јужна Индија е еден таков пример. Полицијата после тој случај застрелала четворица мажи осомничени за силување и убиство на ветеринарката, откако истражителите по инцидентот ги однеле на местото на настанот.
Случајот добил позитивни реакции од јавноста која не ја криела фрустрацијата во врска со брзината на решавање на случајот од ЊуДелхи од 2012. година, кога шестмина мажи групно ја силувале 23-годишната Ијоти Синг и тоа со железна шипка.
Бруталниот напад ги разгорел протестите што траеле со недели, привлекувајќи внимание на алармантните статистики за сексуалното насилство во Индија.
Четворицата осуденици во 2013. година кои требало да бидат обесени во исто време, порано во месецот во првите егзекуции во Индија од 2015 година, но нивните егзекуции се одложени до понатаму, пренесува Daily Mail.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ИЗРЕВОЛТИРАН – ВОДИТЕЛОТ ПРЕДИЗВИКАЛ СКАНДАЛ ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО: Ги наклеветил телевизијата и неговите колеги, па добил отказ! На работ на солзи и се обратил на поранешната колешка…

Водителот на телевизиската станица во Лос Анџелес KTLA, Марк Местер, добил отказ откако жестоко ја …