(ФОТО) Луис Хамилтон се пофалил со вајаното тело: „Морам да согорам уште маснотии!“

Луис Хамилтон ги предупредил ривалите во Формула 1 дека тој ќе биде вистински ѕвер оваа сезона, барем кога станува збор за физичката подготвеност. Овој 35-годишен Британец на Инстаграм се пофалил со своето извежбано тело и открил дека не планира да престане да работи на својот изглед.

“Ова беше една од најдобрите зими во текот на кои тренирав. Минатата година на тестирање пристигнав со многу вода во моето тело и тежев околу 78. килограми. Годинава тежам 73. кг. Се уште има маснотии за согорување и места за да додадам мускули, но на добар пат сум“, напишал Светскиот шампион во Формула 1.

Не заборавил ниту да ги мотивира своите следбеници.
„Доследноста е клучна. Ако сакате да дојдете во форма, вие можете. Само зависи колку го сакате тоа“, порачал тој.

View this post on Instagram

My road dog👊🏾 #coconut

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

Да потсетиме, покрај редовниот тренинг, Хамилтон се посвети и на промена на исхраната. Уште во 2017. година, тој одлучил да стане веган, а неодамна во интервју за магазинот „The Edge Malaysia“ открил како тоа влијае на неговото здравје.

View this post on Instagram

🇬🇩🇬🇩🇬🇩

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЖИВОТОТ ПИШУВА ДРАМИ: „Шансите да преживеам ми беа 8% – Ракот ми ги спаси бракот и кариерата!“

Размислувањето за смрт за Дебора Џејмс е секојдневна рутина во последните три години. Планирала сè. …