„Гардијан“ со убава прогноза: „Медена земја“ ќе освои еден Оскар

Вечерва, по наше време, ќе се доделуваат Оскарите, а филмските критичари ги искажуваат своите последни прогнози околу добитниците на оваа ценета статуетка…


Етаблираниот британски дневен весник „Гардијан”, ги објави прогнозите на својот авторитетен филмски критичар Питер Бредшоу за тоа кој од номинираните ќе успее да освои Оскар.


Според Бредшоу, во категоријата за Најдобар документарен филм победникот ќе биде „Медена земја”, што носи дополнителна позитивна еуфорија кај домашната публика на денот на најзначајната манифестација во филмската индустрија.


Во однос на другите категории, филмскиот критичар прогнозира дека златната статуетка за Најдобар филм ќе ја освои филмот на Сем Мендес „1917″, за најдобар актер Оскарот ќе го добие Хоакин Феникс од „Џокер”, а за најдобра актерка Рене Зелвегер за „Џуди”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …