(ВИДЕО) Сопругата на починатиот Коби Брајант објавила снимка од седуммесечната ќерка Капри:„Изгледа исто како мојата Џиџи!“

Ванеса полека се опоравува од трагичната смрт на сопругот и ќерката,а во тоа и помагаат нејзините ќерки Наталиа, Вјанка и Капри.
Иако минува низ многу тежок период во животот, Ванеса Брајант и понатаму има насмеано лице поради ќерката Капри. На својот профил на Инстаграм објавила видео на преслатката седуммесечна ќерка.

Во видеото ја гледаме малечката Капри која со помош на нејзината тетка се обидува да застане на нозе додека мајка и Ванеса ја бодри со зборови. Покрај видеото напишала:„Мојата Коко Бин. Изгледа како мојата Џиџи со очите на татко и“.
Обожавателите се согласиле дека Капри многу личи на починатата Ѓиана „Џиџи“ Брајант и вдовицата ја опсипале со убави зборови на подршка. Многумина напишале дека Капри ги потсетува и на непрежалениот Коби.

Ванеса пред неколку дена објавила и неколку фотографии и видеа од средното училиште на Гиана во кое нејзините соиграчки и пријатели се простиле од младата кошаркарка. „Моја Гиана. Боже, колку ми недостасуваш. Среќна сум што имав прилика 13. години да се будам покрај твоето прекрасно и насмеано лице. Да можеше да потрае барем до мојот последен здив. Мама те сака до Месечината и назад“, напишала покрај една од фотографиите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …