(ФОТО) Атиџе е ѕвезда во Холивуд: Како минала средбата со Сара Џесика Паркер?

Атиџе Муратова, главната протагонистка на „Медена земја“, македонскиот филм кој има две номинации за Оскар, е меѓу најбараните во Холивуд, а за тоа пишуваат и светските медиуми…
Македонската пчеларка Атиџе Муратова, ѕвездата на филмот „Медена земја“, го шармираше Холивуд. До освојувањето на трите награди на филмот на фестивалот „Санденс“ пред една година, Атиџе живееше во земјена колиба без струја и вода во дивите предели во Македонија. Сега тоа е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица, пишува АФП.


Таа в недела ќе се појави на доделувањето на Оскари. – Не можете да ја избегнете, таа ќе биде единствената турско-македонска селанка меѓу славните во театарот „Долби“ во Холивуд.


View this post on Instagram

"Honeyland" The astonishing, visually breathtaking, intimate yet epic story of beekeeper Hatidze Muratova. A woman I shall never forget. There is a reason this film is collecting every documentary prize and award. Congratulations to the filmmakers @ljubomirstefanov and @tamarakotevska and thank you for allowing us to travel with you. I will follow you both anywhere. Currently playing in NYC @quadcinema. Check your local listings and I feel certain it will be among the greats nominated for an Oscar and available for wider release or streaming. X, SJ Edited by me. There is much discussion about this post. More specifically choice of country name and what I gleaned from all the interviews and reviews I read after seeing this extraordinary film. My point was to direct as many audiences that I could to this story and exceptional documentary. I take no political position as I feel ill informed and not equipped. I will make it my business to learn more. In turn I hope all will make it their business to be an audience for "Honeyland"

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on

„’Медена земја’ е неверојатна, визуелно зачудувачка, интимна, а, сепак, епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам. Има причина зошто овој филм ја добива секоја награда за документарен филм“, пишува Џесика-Паркер.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“, изјави за АФП продуцентот Атанас Георгиев.

Кога Атиџе заминала за Скопје да го проба фустанот што ќе го носи на свеченоста во Лос Анџелес, ѝ требале 20 минути за да помине 200 метри, бидејќи толку многу луѓе сакале да се сликаат со неа.

„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен некако да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, додаде Георгиев.

Контрастот не може да биде поголем, имајќи предвид дека Атиџе досега живееше осамено во селото Бекирлија, каде што собираше мед од диви пчели, но секогаш само половина. Екипата на филмот во меѓувреме ѝ помогна да добие нов дом, блиску до нејзините роднини во „најблиското село до цивилизацијата“.

„Откритие беше кога Атиџе зборуваше за половина од медот што е за пчелите и половина за неа. Ова беше најмоќната реченица. Таа е остроумна, интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки. Голем дел од успехот на филмот се должи на прекрасното срце на Атиџе. Но, ни помогна и магијата од нејзината мајка ‘кралицата пчела’. Мислам дека ни направи некаква магија за да внимаваме на нејзината ќерка откако ќе почине“, вели Георгиев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …