(Рецепт) НЕМА ПОЗДРАВО ОД ОВА – Ако сакате да живеете долго морате да ја јадете оваа салата: Спречува дебелеење, стареење и холестерол!

Нашите баби и дедовци оваа намирница преку зима ја јаделе секој ден…

Предноста на киселата зелка се наоѓа во високиот процент на витаминот Ц. Но, тоа не е се. Киселата зелка е популарна и против мамурлук, добра е за здравје на телото. Само 100. грама кисела зелка содржи 20. милиграми витамин Ц.
Тоа го зајакнува имунитетот и го спречува предвременото стареење на клетките и ткивата. Киселата зелка исто така содржи витамини А, К и сложени витамини од групата Б. Овие супстанции спречуваат бројни гастроинтестинални болести (на пример, чир на желудник и на дванаесетпалачното црево).

Киселата зелка го снижува холестеролот во крвта и спречува појава на малигни клетки. Одлична е како диетален производ бидејќи содржи татронска киселина која го спречува создавањето на масни наслаги.

Кога скиселувате зелка вие ја збогатувате со витамини, корисни својства кои не се губат и до 10. месеци од датумот на подготовката.

Киселата зелка е поздрава од свежата

Кога ќе ја закиселите зелката, ја збогатувате со витамини, корисни состојки кои не се губат и до 10 месеци од датумот на приготвувањето.

Рецепт
Состојки:
2 главици зелка
6 поголеми моркови
сол (1 кг по 1 кг зеленчук)
вода


Приготвување:
Изрендајте ја зелката, а потоа и морковот. Измешајте го зеленчукот, па ставете го во пластично буре. Ред зеленчук, па ред сол. Потоа, прелејте ја зелката со вода за да се потопи. Притиснете го зеленчукот со капак, па со камен, за убаво да се притисне. Потоа оставете ја да скисне. По неколку дена проверете – ако се појави пена на зелката, соберете ја.
Кога зелката и морковот ќе се скиселат, послужете ја салатата. Нема поздрав оброк од овој!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …