(ВИДЕО) Дали се крие вистината: СНИМКИ КОИ ГО ВОЗНЕМИРИЛЕ СВЕТОТ:Телата се трупаат, а човекот кој го снимил ова е уапсен!

Видеото кое кружи по социјалните медиуми, а е снимено во болница во Вухан, доста ги вознемирило луѓето.
Извесен Фанг Бин снимил ситуација во т.н. болница 5. во Вухан. Може да се види како се трупаат ќеси во кои се телата на починатите од вирусот, а луѓе умираат скоро секоја минута.

На Твитер го објавила новинарката Џенифер Зенг, а потоа било објавено дека Фанг е уапсен за контроверзната снимка. Сепак, наскоро бил ослободен.
Видеото доста го вознемирило остатокот од светот, кој се грижи дали Кина ги крие вистинските размери на епидемијата, иако веродостојноста на снимката не може да се утврди толку лесно.
Официјалните информации го кажуваат следново – 20.679 лица се заразени со новиот вид коронавирус, од кои 20.485 се во Кина. Најмалку 427 умреле, а 713 се опоравиле.
Фанг Бин исто така објавил ново видео по неговото апсење, велејќи дека кинеската полиција му рекла дека „анти-кинеските сили“ му платиле да го објави видеото.
“Тие не ми веруваа. Јас сум добра личност. Само сакав да им покажам на луѓето како е тука”, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …