(ФОТО) БРИТАНЕЦ СО ПОМОШ НА СТАР РЕЦЕПТ ГО ПОБЕДИЛ КОРОНАВИРУСОТ: „Не сакав да пијам антибиотици, но ова ми помогна!“

Британецот Конор Рид (25), учител по англиски јазик од Велс, пред два месеци го добил смртоносниот коронавирус во Вухан, но тврди дека бил излечен од варено виски со мед.
Рид, кој изминатите три години живее во Кина, а во Вухан изминативе шест месеци, отишол во болницата на Универзитетот во Централна Кина во тој град заради отежнато дишење и кашлање.
“Користев инхалатор за да ја ублажам кашлицата и пиев варено виски со мед се додека имав. Тоа е стар лек, но се чини дека ја заврши работата. Не сакав да пијам антибиотици, препишани од моите лекари, затоа што не сакав да користам фармацевтски производи“, објаснил тој за британските медиуми.

Две недели откако беше отпуштен од болницата, дознал дека бил заразен со коронавирусот. Тој додал дека британското Министерство за надворешни работи се чинело „незаинтересирано“ кога им кажал за заразата.
“Тие упорно ме прашуваа дали сакам место во авионот да ја напуштам земјата и јас одговорив дека не сакам да останам таму. Јас сум жив доказ дека коронавирусот може да биде поразен”, додал тој.
Рид рекол дека неговиот шеф му рекол дека повторно ќе работи за две недели, но дека не бил сигурен.
Тој вели дека Вухан опустошел, дека во супермаркетите снемува храна а во аптеките и лекови и маски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски: Напишал многубројни поучни дела!

Според календарот на МПЦ, 18-ти јуни е ден посветен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. …