(ФОТО) ТАГА: Потресна порака на вдовицата на Брајант: „Не може да го има Коби без Џиџи“

Ја испратила емотивната вечер во „Стаплес центарот“ посветен на нејзиниот сопруг

Ванеса Брајант, вдовицата на загинатиот кошаркар Коби Брајант, ја испратила емотивната вечер во „Степлес центарот“ посветена на нејзиниот сопруг.
Ова е прва игра на Лејкерси по смртта на Брајант на 26. јануари во хеликоптерска несреќа а организацијата се потрудила апсолутно се да му посвети на славниот Мамба.
Така, во првиот ред, покрај теренот биле поставени две празни места со дресовите 24. и 2., од кои едниот му припаѓал на Коби, а другиот на неговата ќерка, Гиана, која почина во истата несреќа.

„Нема број 24. без број 2. Девојчето на тато, моето бебе и нашите ангели, Коби и Џиџи“, напишала Ванеса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …