„Каде си Жоао Жилберто?“ – документарниот филм за пионерот на боса нова жанрот во кината

Влијателниот бразилски музичар Жоао Жилберто, кој важи за пионер на жанрот боса нова, е во фокусот на документарниот филм „Каде си Жоао Жилберто?“ во режија на Жорж Гешо кој од денеска почнува да се прикажува во кината низ земјава. Филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно трага по водечкиот глас на најпознатиот бразилски музички стил на светот, кој со децении не бил виден во јавност. Фишер своето патешествие го опишал во книгата „Хобалала“, но извршил самоубиство една недела пред да излезе во печат. Преземајќи ја мисијата на Марк Фишер, следејќи ги неговите чекори еден по еден, благодарение на трагите што ни ги има оставено, преку филмот се обидуваме да го пронајдеме Жоао Жилберто за да ги сфатиме историјата, душата и суштината на боса новата.

Жилберто почина во својот дом во Рио де Жанеиро лани на 88-годишна возраст. Пејачот и композитор му донесе меѓународна популарност на жанрот боса нова во 1960-ите години, откако го издаде албумот „Chega de Saudade“, кој се смета за пресвртна точка за бразилската музика.

Роден во 1931, тој почнал да се занимава со музика на 18-годишна возраст и со комбинирањето на традиционални и модерни музички влијанија го креираше трендот боса нова, што потоа беше следен од голем број музичари. Жилберто му ја претстави боса нова на светот во 1958 година и овој ритам се карактеризираше со уникатен гитарски стил во кој модерни џез влијанија беа измешани со традиционалната самба. Неговата музика беше инспирација за милиони Бразилци во времето кога земјата забрзано се урбанизираше и развиваше.

Швајцарско-француско-германската копродукција имаше истовремена премиерна проекција на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во ноември и онлајн на платформата Cinesquare. Од денеска е на репертоарот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино од каде продолжува во Гостивар и Скопје и низ другите градови низ земјава. Дистрибутер е КТ Филм и Медиа од Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Во петок во НОБ – Гала оперски концерт и „Болеро“ – Морис Равел

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се …