(ВИДЕО) ФИЛМ КОЈ ГО ПРЕДВЕСТИ КОРОНАВИРУСОТ: „Contagion” од 2011. година како да е сниман денес!

„Contagion” веројатно, доколку сте филмофил, и’ сте го гледале и ви дошле милион прашања за тоа дали е возможно такво нешто да се случи…Но, она што го донесува филмот денес го гледаме во реалниот живот…
„Contagion”, трилерот на Стивен Содерберг од 2011. година, се појави помеѓу најбараните филмови на стриминг сервисите по избивање на епидемијата на коронавирус во Кина.
Филмот, чија приказна се занимава со ширење на нова и смртоносна болест, се појави помеѓу најгледаните на топ листата на “iTunes” заедно со насловите номинирани за Оскар како „Joker”, „Once Upon a Time in Hollywood” и многу други.
„Contagion” започнува кога Елизабет (Гвинет Палтроу) се разболува во текот на деловното патување во Хонгконг. Откако ќе се врати дома, нејзините симптоми стануваат сè посериозни и таа умира. Набрзо на сите им станува јасно дека се соочуваат со нова, смртоносна болест чиј извор е во Кина.

Медицинските работници и истражувачите пробуваат да го сфатат и спречат ширењето на болеста, која не само што уништува човечки животи туку и цел социјален поредок додека брзо прераснува во епидемија.
Сличностите со ситуацијата која изби во Кина девет години по премиерата на филмот се зачудувачки – токму како и на екранот, авиокомпанијата „Бритиш Ервејс“ ги забрани сите летови од и кон Кина, каде засега починаа 232 лица како последица од болеста.
Во „Contagion”, главните улоги ги имаат Марион Котијард, Брајан Кренстон, Мет Дејмон и Џад Лоу. Покрај нив се појавуваат и Кејт Винслет и Лоренс Фишбурн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …