СЗО прогласи вонредна состојба на глобално ниво: Има повеќе од 10.000 лица заразени од коронавирусот!

Светската здравствена организација соопштила дека коронавирусот претставува вонредна состојба на глобално ниво.
СЗО прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво откако бројот на случаи на коронавирусна болест се зголеми за повеќе од десет пати за една недела.
И покрај сето ова, СЗО не издаде конкретни препораки во врска со меѓународните патување и трговија.
Комитетот, составен од 16. независни експерти, не сакаше да прогласи меѓународен итен случај двапати минатата недела.
На враќањето од Кина, експертот Мајк Рајан рекол дека Светската здравствена организација е многу импресионирана од одговорот на Кина за епидемијата на коронавирус досега.
Тој исто така рекол дека светот постигнал критична точка во неговите напори да се справи со болеста, дека светот се наоѓа на важен крстопат и дека верува дека преносни синџири сè уште можат да бидат скршени.

Сепак Светската здравствена организација синоќа прогласи глобална здравствена криза поради коронавирусот.
Кина ги објави првите случаи на инфекција со коронавирус во СЗО кон крајот на декември. Севкупно, потврдено е дека бројот на заразени луѓе ширум светот достигнал скоро 10.000, што значи дека повеќе луѓе се заразени со коронавирус отколку со САРС за време на епидемијата во 2002. и 2003. година.
Досега СЗО прогласувал вонредна состојба за епидемијата на ебола, вирусот Зика и Х1Н1 (свински грип).
Најнови информации:
Бројки: 213 луѓе умреле во Кина, при што вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина се искачи на 9.820
Вонредна состојба: Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) се состанаа во четвртокот за да прогласат глобална вонредна состојба за коронавирусот.
Глобална експанзија: Надвор од Кина, забележани се повеќе од 100 случаи во 22 други земји. Италија, Филипините, Индија, Виетнам и Јужна Кореја ги потврдија своите први случаи.

Пренесување од човек на човек: САД го пријавиле првиот случај на пренесување на вирусот од човек на човек. Сличен случај е пријавен во Германија а се сомневаат и во Јапонија.
Евакуација: САД, Јапонија и Јужна Кореја веќе евакуираа некои од нивните граѓани од Вухан. Други земји како Австралија, Канада, Франција и Велика Британија подготвуваат планови за евакуација за своите граѓани. Тие ќе треба да поминат 14 дена во карантин пред да пристигнат во Европа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …