(ФОТО) КУЌИ И ЦРКВИ ГРАДЕНИ СО ДИЈАМАНТИ: Ова гратче лежи на 72. тони драгоцени камења но не можат да се збогатат!

Жителите на градот Нердлинген во Германија знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го срушат за да се збогатат.
Нердлинген во германската држава Баварија настанал на дијаманти кои датираат од ред 15 милиони години, кога астероидот ја погодил Земјата.
Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како денешниот Нердлинген, и тежел околу три милијарди тони.
Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно да се создаде мешавина од стакло, кристали и дијаманти,односно суевит.
Се проценува дека на подрачјето на Нердлинген има околу 72.000 тони дијаманти.


Кога милиони години подоцна пристигнале првите жители, тие дури и не знаеле дека ги градат своите домови на вредна почва.
Со години, верувале дека потеклото накратерот е од вулкан, се додека во шеесеттите години на минатиотек не билопотврдено дека станува збор за астероид.Суевитот го користеле како градежен материјал, без да знаат дека е составен од ситни дијаманти.
Така, црквата Свети Ѓорѓи и средновековните sидови во Нердлинген се многу повредни отколку што би секажало на прв поглед.
Иако количината на дијаманти е огромна, жителите не би можеле да добијат добра цена за нив затоа што се помалечки од 0,2 милиметри, така што немаат намера да го срушат градот за да дојдат до богатство.
Меѓутоа, германскиот град профитира поинаку – туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат сјајната архитектура и да го посетат музејот „Рис кратер“, во кој се сместени примероци од кратер направени од астероидот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …