Светските медиуми јавуваат дека американскиот милијардер Бил Гејтс однапред предвидел појава на нов вирус што може да предизвика пандемија.
Поточно, на 28.декември 2018. година, во списанието Science Alert, Бил Гејтс ги објавил резултатите од студијата на неговата фондација за борба против светските пандемии.
Гејтс тогаш предупредил дека во следната деценија би можела да избие мегапандемија од некој смртоносен вирус кој во првите 6. месеци би однел 30. милиони животи и би продолжил експоненцијално да расте.
За да се спречи ова сценарио, Гејтс инвестирал 12.милиони американски долари во центар за истражување на вируси и изработка на вакцини за борба против нив.
Со презентацијата е објавена и видео симулација на пандемијата, според која настанокот и иницијалното ширење на вирусот почнува во централно-источна Кина, од каде што, во првите три месеци, брзо се шири кон Индија, Јапонија, Германија и Франција, а потоа и по цел свет.
Пред неколку месеци, Гејтс објави нова симулација наречена „Настан 201“, како план за борба за претстојната пандемија.
Во таа прилика, „Центарот за здравје Џон Хопкинс“, Фондацијата на „Светскиот економски форум“ и „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“ на 18. октомври 2019. година во Њујорк одржаа предавање и мултимедијална презентација за глобалната пандемија.