(ВИДЕО) МУ ОДРЖАЛЕ ЛЕКЦИЈА!Паркирал на место за лица со инвалидитет а потоа „дебело“ зажалил!

Група луѓе од бразилскиот град Маринга, му одржале лекција на еден арогантен возач.
Мажот без пардон својот автомобил го паркирал на место резервирано за инвалиди. Овој прекршок е еден од најчестите во сообраќајот затоа што возачите, во отсуство на места за паркирање, често ги оставаат своите автомобили „кратко“ на резервираните места. Целосното отсуство на емпатија и хуманост, чувство за другите води кон такви потези.
Сепак, ги има и оние кои сакаат да истераат правда, а овој бесчувствителен возач тоа го почувствува на својата кожа. Луѓето го забележале неговиот неправилно паркиран автомобил, а потоа земале стотици самолепливи сини хартивчиња и целосно го излепиле неговиот автомобил. Прозорците и тркалата ги покриле со весници, ниту еден дел од автомобилот не се гледал.
Потоа собраните граѓани го чекале возачот,а кога пристигнал, налутено влегол во автомобилот, додека сите се смееја и му аплаудирале. Бил толку нервозен што се обидувал да си замине иако ништо не гледал. Извадил само парче хартија од шофершајбната и си заминал додека парчињата хартија паѓале од автомобилот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …