(ФОТО) Ирина Шајк првпат проговорила за пропаднатата врска со Бредли Купер

Иако додека биле заедно ретко зборувала за нивниот приватен живот, Ирина Шајк одлучила да проговори за својата врска со Бредли Купер, која ја прекинаа во април минатата година.
Манекенката за британски „Вог“ открила дека последните шест месеци ги минала размислувајќи и рефлектирајќи се на периодот кој е зад неа.


„Сметам дека во сите добри врски го изнесуваме она најдоброто и она најлошото од себе, тоа е едноставно човечката природа. Двајца прекарсни луѓе не мораат да бидат одличен пар“, истакнала Ирина и продолжила:„Многу сум среќна поради нашето заедничко искуство. Жиотот без Бредли е едно сосема ново поглавје за мене“.



Истакнала дека продолжуваат и понатаму со заеднички сили да ја одгледуваат нивната ќерка и дека со девојчето и е многу потешко откако таа и глумецот прекинале.


“Тешко е да се пронајде рамнотежа помеѓу самостојното одгледување дете и работата со која се прехранувам. Верувајте ми, понекогаш се будам и помислувам:’О, Господе боже, не знам што понатаму, ќе се распаднам’“, отворено рекла манекенката.


Сепак, извор близок до парот, за магазинот People, истакнал дека и’ Бредли и Ирина нивната заедничка ќерка ја ставаат на прво место и дека се трудат да ја одгледаат на најдобар можен начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …