(ВИДЕО) ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ – Во 70. ттите купил „Ролекс“ за 345. долари, а неговата моментална вредност го „соборила на земја!“

Еден човек го донесе својот часовник Ролекс во шоуто „Антиквитети“ за да ја открие неговата сегашна вредност. Тој часовникот го купил во 1974 година за само 345,97 долари. Кога му ја кажале неговата сегашна вредност, неговата реакција била непроценлива.
Поточно, кога му било кажано дека неговиот часовник сега вреди 400.000 долари, човекот паднал на земја. Но, проценителот не завршил. Поради неговата недопрена состојба, часовникот се проценува дека вреди 500.000 па и 700.000 американски долари, јавува Си-Ен-Ен.

Станува збор за часовник Rolex Oyster, број 6263. Сопственикот на часовникот рече дека купил Rolex затоа што слушнал дека е добар за нуркање. Како и да е, уште од 1974 година, за него тој дал цела месечна плата со попуст од 10 проценти, па тој заклучил дека часовникот е премногу убав за да биде во солена вода.

Наместо тоа, тој го чувал часовникот во сеф речиси 40 .години. Не само што часовникот бил во совршена состојба, туку сопственикот поседувал и оригинални гарантни документи, оригинална брошура на Rolex, две сметки и две оригинални кутии во кои бил спакуван часовникот Rolex.
„Ова е феноменален изум. Тој е еден од најретките модели и не мислам дека има некој кој е во подобра состојба“, рекол проценителот Питер Планес.
Продуцентите на шоуто рекле дека по првпат имаат толку вредна ставка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …