Среќници: – ЛУЃЕТО СО ОВАА КРВНА ГРУПА ИМААТ НАЈМАЛА ШАНСА ЗА СРЦЕВ УДАР: Најчувстителни се на стрес, но ова ги ШТИТИ!

Истражувачите од Универзитетскиот Медицински центар „Гронинген“ во Холандија ги споредувале податоците на повеќе од 1,3 милиони луѓе. Откриле дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај крвните групи А, Б или АБ бил девет проценти поголем отколку кај луѓе со крвна група  О.
Експертите веруваат дека овие луѓе имаат повисоко ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да ја затвори вената, што е една од главните причини за срцев удар. Исто така, луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да имаат повисок холестерол, како и повеќе воспалителни процеси.


“Во иднина, крвната група треба да се земе предвид како ризик при спречување на кардиоваскуларни заболувања, исто како што се разгледуваат нивото на холестерол, возраст, пол и крвен притисок. Потребни се повеќе истражувања за да се идентификува причината за зголемен ризик кај луѓе со А, АБ и Б крвна група“, објаснил водачот на истражувањето, Теса Кол.
Луѓето со крвна група 0 се двојно поголема мета на комарците, тврдат јапонски истражувачи. Сепак, луѓето со оваа крвна група имаат најмалку шанси да заболат од најсмртоносна форма на маларија – болест која ја пренесуваат токму комарците.
Исто така, нпоединци кои ја имаат крвната група 0, стресот најмногу ги погодува, велат од американската служба за воени ветерани. Објасниле дека нивото на кортизол (хормон на стрес) е поголем кај луѓето во таа група отколку кај другите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пробајте го овој трик и тоалетот секогаш убаво ќе ви мириса!

Една мајка од Австралија, во група на Фејсбук, споделила едноставен трик, а тоа направило бура …