Коби Брајан и Пауло Коељо заедно пишувале книга за деца: „Тој беше човек поголем од животот!“

Трагично починатиот легендарен кошаркар Коби Брајант и бразилскиот писател Пауло Коељо работеле на заедничка книга за деца, но авторот на алхемичарот ја избришал предлог-книгата по смртта на Брајант во хеликоптерската несреќа.
Според „Вашингтон пост“, Куељо (72) за американската агенција изјавил дека Брајант и тој почнале да зборуваат за проектот во 2016. година, кога кошаркарот на ЛА Лејкерс и петкратниот шампион во НБА се збогувал од неговата 20-годишна кариера и започнал да ја пишува книгата пред неколку месециШтом слушнал за смртта на Брајант, Куељо потврдил дека ќе го избрише нацртот на книгата затоа што не сакал да ја заврши без него.

„Го избришав нацртот бидејќи не видов никаква смисла во објавувањето на книгата без него. Тоа не би значело ништо релевантно за него или неговото семејство. Но, тоа не значи дека тоа ќе ме спречи да пишувам за работите што ги научив од Коби за тоа дека тој беше човек поголем од животот“, рекол бразилскиот писател и додал дека, на крајот на краиштата, „книгата за деца повеќе нема никаква смисла“, рекол Куељо.
Познатиот писател, чии книги се продадени во десетици милиони копии ширум светот, рекол дека идејата за книгата е да ги инспирира децата од загрозените семејства, како и децата од пониските класи на општеството да го изберат своето место во светот преку спорт.
„Granity Studios“ на Брајант објавил романи за средношколци и млади, а во 2018. година и неговата автобиографија, „The Mamba Mentality: How I Play” (Менталитетот на Мамба: Како играм). Мамба беше прекар на Брајант.
Да потсетиме, кошаркарската легенда Коби Брајант почина во неделата во хеликоптерска несреќа. Коби беше на пат кон „Академијата Мамба“ на тренинг во кошарка со ќерката Ѓиана кога хеликоптерот се запалил, а потоа и се урнал во еден рид во близина на Лос Ангелес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОР ОД БАЗЕН: Тренерот исчезнал под вода откако го грабнал КИТ УБИЕЦ!

Во познатиот аквапарк „Sea World“во Сан Диего, кит убиец, пред шокираната публика го нападнал тренерот …