(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ закажа полуфинале со Роџер Федерер!

Вториот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, со победата против Милош Раониќ ((6:4, 6:3, 7:6) се пласира во полуфиналето на Австралија Опен...
Бранителот на трофејот за два часа и 52. минути успеа да го сруши Канаѓанинот со црногорско потекло и да закаже полуфинален меч против Роџер Федерер.
Тоа ќе биде прилика за Новак да го сочува стопроцентниот учинок во полуфиналните мечеви во Мелбурн бидејќи до сега славел во сите седум обиди.
Исто така, во тој случај секогаш го земал трофејот.


Новак со сигурна игра во сите три сета, без ниту еден загубен гем на свој сервис, го сочува максималниот скор против 35. тенисер на светот и сега ги има сите 10. триумфи.
Во првите два сета му беше доволен по еден брејк за да дојде до прослава.
Третиот сет претставуваше доста потешка работа за српскиот играч. Раониќ одлично сервираше (на крај имаше 18. асови) и овојпат не му дозволи на Ѓоковиќ да му го одземе сервисот. Се испостави дека тајбрејкот е рутина за актуелниот шампион. Ги зема првите три поени а потоа рутински ја заврши работата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За Хамилтон пол во Џеда: Ферстапен удри во заштитниот ѕид!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Саудиска Арабија, …