Откријте од кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Љубовта понекогаш делува на мистериозни начини или едноставно – во склад со ѕвездите. Одредени хороскопски знаци се покомпатибилни со другите и ако се прашувате каков знак може да биде вашиот идеален партнер, астрологијата може да ви даде одговор.
За да ви помогне во рпонаоѓањето на диеалниот партнер, Pop Sugar ја контактирал Атена Перакис, основач и извршен директор на Sage Goddess, која објаснила дека тоа што некој е со ист знак како вас не значи дека таа личност, неопходно, ви одговара.
“Во партнерите, бараме дополнувања, а не копии од самите себе. Интуитивно бараме луѓе кои можат да ни ги исполнат празнините или да бидат јин на нашиот јанг, иако премногу разлика секако создава конфликт”, вели Атена.

Овен
Најмногу му одговараат: Лав, Стрелец.
Потребата на Овните за авантури најдобро ќе ги поврзе со Лавовите и Стрелецот, други огнени хороскопски знаци, кои го разбираат огнениот темперамент на Овенот. Терезија, од друга страна, е целосно спротивно на Овен, и други воздушни знаци кои се карактеризираат со комуникативност – го фрустрираат Овенот, кој не сака многу да зборува, но работи. Во врските, Овните се плашат да ја загубат својата независност.

Бик
Најмногу му одговараат: Девица, Јарец, Терезија.
Бикот, кој е секогаш отворен за убавина, добар вкус и удобност, најдобро ќе се согласува со земјаните знаци, Девица и Јарец, со кој владее Венера се добар спој за споделување страст кон уметност. Биковите, кои многу се потпираат на себе, понекогаш се плашат од врска со некого.

Близнаци
Најмногу им одговараат: Терезија, Водолија и Лав.
На Близнаците добро ќе им одговараат другите воздушни знаци – Терезија и Водолија, кои можат да ги придружуваат нивните интелектуални потфати и да се препуштат на нивната љубов кон добар разговор. Близнаците добро се снаоѓаат со Лавовите, но не и со водните знаци – Риби, Скорпиони и Ракови, кои повеќе сакаат да остварат длабока физичка и емотивна врска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 20.02.2020:Нема потреба да одговорите на нечија емотивна провокација – Останете воздржани, избегнувајте конфликт…

Овен Љубов: Се чувствувате носталгично и размислувате за нечие отсуство. Жалите за некои пријатни спомени. …