Купил автомобил за 3.милиони долари а нема да го вози

Новата Corvette 8 Stingray со производство стартува од февруари, а веќе од март почнува процесот на доставување на возила на своите нови сопственици…
На традиционалната аукција во американскиот град Скотсдејл, најновата Corvette C8 Stingray се продала за 3. милиони долари, иако нејзината пазарна вредност стартува од 60.000 американски долари.
Горд купувач е Рик Хендрик, извршен директор на групата „Хендрик Аутомотив Груп“, кој рекол дека воопшто нема да го вбози овој автомобил.
Тој одлучил новата Corvette Stingray да ја изложи во просторот на “Hendrick’s Heritage Centre, каде имало уште 120. примероци од иконата на американска автомобилска индустрија.
Интересно е, но во слична ситуација е и Фернандо Алонсо, познатиот возач на Формула 1, кој во својот приватен музеј ги чува сите автомобили во кои се натпреваруваше. Тоа дури и претставува клаузула во неговиот договор.
Официјално, производството на Corvette C8 Stingray започнува следниот месец, а на почетокот на март започнува процесот на доставување возила на нови сопственици.
Auto Bild пренесува дека оваа установа се стекнала со култен статус меѓу американските љубители на автомобили, бидејќи во него се сместени корветите кои некогаш биле управувани од кралот Леополд III од Белгија, пејачот Рој Орбисон, како и поранешниот претседател на Мексико, Густаво Дијас Ордас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Bugatti ги покажал првите осум автомобили подготвени да „полетаат“ до 442 км/час

Поминаа две години откако Bugatti го проби границата од 300 милји на час, или 482 …