(ВИДЕО) РИБА ПРОБОДЕЛА МОМЧЕ ВО ВРАТОТ: Го оперирале два часа – Индонежанецот едвај преживеал!

Тинејџер во Индонезија, Мухамед Идул (16), после бизарна несреќа бил пренесен на операција а лекарите едвај му го спасиле животот…
Додека рибарел недалеку од градот Бутан во провинцијата Сулавеси, рибата игличка одеднаш скокнала од водата и му го прободела вратот.
Момчето било пренесено во болница, каде комплицираната операција со тројца лекари и двајца анестезиолози траела два часа. За среќа, рибата Идулу не му ја повредила главната артерија.
Во последните десет години, две лица загинале во несреќи при ловење на овие риби, кои одеднаш можат да скокнат од водата и да повредат.
Игличкте имаат многу издолжена вилица која е остра како жилет. Тие можат да скокаат од водата со брзина од 60. километри на час.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – Поради видео за малку ќе го загубел животот:„Никогаш не сум бил толку блиску до смртта!“

Интернет-sвездата Џејсон Кларк го довел во опасност својот живот додека снимал видео клип. Кларк има …