(ВИДЕО) КОРОНА ВИРУС – ДОКТОР ДОШОЛ ВО ВУХАН ДА ПОМОГНЕ А СЕГА МИСЛИ ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛ: Еве зошто стравува!

Кинескиот лекар Ванг Гуангфа стравува дека е заразен со корона вирусот, кој за само три недели предизвика смрт на 56. лица и зарази повеќе од 2.000.
Д-р Ванг Гуангфа верува дека се заразил затоа што не носи заштитни очила, а група водечки експерти потврдиле дека е „апсолутно можно“ затоа што вирусот може да навлезе во очите ако пациентот ги допре.
Пол Келам, професор по геномика на вируси од Кралскиот универзитет во Лондон, препорачал здравствените работници да носат очила поради безбедност. Маските за лице, ефикасно ги штитат носот и устата, но тие сигурно нема да ги штитат очите, рекол тој. Кинескиот доктор Ванг Гуанфа стравува дека е заразен со коронарен вирус, кој за само три недели предизвика смрт на 56 лица и зарази повеќе од 2.000, според официјални податоци.

Д-р Мајкл Шед, истражувач за јавно здравје на Универзитетот во Саутемптон, го дели мислењето на Келам.
“Можно е инфекцијата да се пренесе со допирање на очите ако вирусот е на рацете, што значи дека може лесно да се пренесе од личност на личност. Помислете на обичната настинка или грипот, допирањето на носот, устата и очите е секогаш начин за пренесување на болеста”, рекол тој.

Д-р Гуангфа е шеф на Одделот за белодробни заболувања во универзитетската болница во Пекинг и беше дел од тим на експерти кои го посетија Вухан на почетокот од овој месец, каде што се појавил вирусот.

Екран.мк/Dejli Mejl

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 72. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …