(ВИДЕО) Коби Брајант како да предвидувал што ќе му се случи:„Не може живот без смрт!“

Еден од најголемите кошаркари на 21. век, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа во неделата вечерта, по средноевропско време.
Имаше 41. година, а она што се забележува во текот на неговиот живот е секако дека на некој начин самиот Брајант ја предвидувал сопствената смрт, а не му било туѓо дури и да зборува за смртта и односот што го имал кон неа.

Така, во интервју за „Рингер“, тој точно одговорил каква е неговата врска со смртта.
“Имам комфорна врска со смртта. Тоа е разбирање. Вие не можете да имате живот без смрт, не можете да имате светлина без темнина. Тоа е прашање на прифаќање. Кога ќе дојде време да одлучите да заминете во пензија,тоа е прашање да прифатите дека сте смртни со што се соочуваат сите спортисти. Ако се бориш, тогаш секогаш ќе се бориш, така што сум лежерен по тоа прашање“, одговорил Коби на прашањето на водителот.
Неговите зборови звучат крајно морбидно и пророчки гледајќи ги од оваа состојба, по последните настани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славниот холивудски ерген тајно се оженил: Девојката му е бремена!?

Најпознатиот ерген Леонардо Ди Каприо тајно се оженил. Камила Мороне, со која е веќе две …