(ФОТО) Наташа Беквалац во болница: И се слошило пред настап!

Наташа Беквалац била приморана накусо да ги прекине подготовките за концертот бидејќи и се слошило и итно била примена во болница…
„Сите се преплашивме поради Наташа. не знаевме што и е. Постојано чувствуваше мачнина, имаше нагон на повраќање и се виткаше од болки. Ја одвезовме во болница. Никој не можеше ниту да претпостави дека се отрула со храна. Бевме во шок кога ни соопштија дека мораат да и го испираат желудникот. Сета среќа што се’ бргу се заврши. Потоа беше кусо задржана во болница, прими неколку коктел инфузии, и со надзор, е пуштена дома да мирува. Како за баксуз тоа се случи кога Наташа успеа да земе слободен ден, да тренира и да нема проби. Отидовме заедно до град и земавме брза храна.

Наташа не сакаше да земе но сите инсистиравме барем еднаш да го прекине својот режим на исхрана. Меѓутоа, еве што се случи. Наташа, инаку внимава што ајде, особено сега пред концерт. Во последно време вредно тренира и води грижа за себе, впрочем затоа и така изгледа. Секако, понекогаш и се случува, како и на сите нам, да се опушти и да ги прекрши правилата и да изеде нешто слатко или како сега – брза храна“, рекол извор за српските медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славниот холивудски ерген тајно се оженил: Девојката му е бремена!?

Најпознатиот ерген Леонардо Ди Каприо тајно се оженил. Камила Мороне, со која е веќе две …