(ФОТО) Македонија го одбележува роденденот на Тоше: Замина под неразјаснети околности – Денес требаше да наполни 39. години!

Социјалните медиуми се полни со видеа, фотографии од современиците на Тоше Проески но и неговите фанови кои на соодветен начин го одбележуваат 25. јануари – денот кога на свет дојде најголемата македонска и балканска пејачка ѕвезда…
Што и да кажеме, за хуманоста на Тоше, нема да згрешиме ниту пак ќе откриеме нешто ново…Сета добрина, топлина која ја имаше во себе – замина со него на тој кобен 16.октомври пред 13. години…


Но, затоа во родното Крушево се одржуваат, сега веќе традиционални манифестации во негова чест како -крводарителна акција, пригодна програма во спомен куќата, ликовни изложби.
Тој загина во сообраќајна несреќа, чии околности не беа расветлени до крај, на пат кон Загреб, Хрватска , на само 26. годишна возраст.


Инаку сестрата на Тоше, Дора секоја година за роденденот на Тоше прави и негова роденденска торта, па така лани на неговиот роденден на социјалната мрежа Инстаграм објави слика од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира среќа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОР ОД БАЗЕН: Тренерот исчезнал под вода откако го грабнал КИТ УБИЕЦ!

Во познатиот аквапарк „Sea World“во Сан Диего, кит убиец, пред шокираната публика го нападнал тренерот …