(ФОТО) Девојката на Игор Карачиќ, македонската манекенка Душица Андоновска, горда на своето момче:„Финалеее!!!“

Веќе пишувавме дека хрватскиот ракометар Игор Карачиќ скоро една година е во врска со македонската манекенка Душица Андоновска и дека биле заедно на Божик и на подготовките на Хрватска во Загреб…
Ракометната репрезентација на Хрватска ја победи Норвешка и обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во ракомет. Еден од најдобрите играчи на коцкестите, Игор Карачиќ ја имаше потребната поддршка за победа. Во првите навивачки редови беше и неговата девојка, струмичанката Душица Андоновска облечена во хрватски дрес.

Преубавата манекенка веднаш по големата победа објави селфи-фотка со Игор и напиша многу едноставен коментар: „Финалееее!“.


Инаку парот е заедно скоро една година, а дека нивната љубов цвета говори и тоа што Душица е речиси на секој негов натпревар, без разлика дали е тоа натпревар за репрезентацијата или неговиот матичен клуб – Кјелце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СНИМКА: Слетале на тенок лед на најдлабокото езеро во светот!

Рускиот фотограф Вадим Макхоров со три пилоти прелетал преку најдлабокото езеро во светот, а потоа …