Дневен хороскоп за сабота, 25.01.2020:Комуникацијата ќе биде брза но без грешки – вашите идеи се добредојдени во комуникацијата, на сите нивоа!

На првиот ден од викендот Меркур прави секстил со Марс. Ова е ден кога телото и мозокот се во шеста брзина! Размислувате брзо, делувате брзо, грешките се минимални и случајни! Вие сте остроумни и бистри  и тешко дека некој денес може да ве измами! Ќе бидете у многу добар говорник кој ќе излезе со добри идеи што ќе бидат добредојдени од другите а вам ќе ви донесат самодоверба.
Ви посакуваме успешен ден.
Овен
Работа
Нема причина да верувате во информациите што доаѓаат од несигурни извори. Анализирајте ги внимателно вашите соработници и новите случувања. Сепак, преголемата доза на љубопитност во нечии очи може да изгледа како негативна особина.
Љубов
Во обидот правилно да решите некои нови емотивни дилеми што ги имате, потпрете се на вашата интуиција. Честопати, сè не е како што изгледа на прв поглед.
Здравје
Проверете ја крвната слика.
Бик
Работа
Средбата или разговорот со една личност е „добитна комбинација“ за вас, и затоа прифатете ја идејата за деловно-финансиска соработка. Важно е да изберете нова ситуација која паралелно ги исполнува вашите интереси и придобивки.
Љубов
Нема потреба да се однесувате премногу театрално во друштво на некој близок. Прилагодете ја вашата улога според вообичаени потреби.
Здравје
Главоболка.
Близнаци
Работа
Внимателно анализирајте ги различните случувања на деловната сцена и новите услови. Ако се грижите за постигнување на извонредни резултати, реално одмерете ги опциите и условите. Нема причина да се расфрлувате пред колегите.
Љубов
Вие поставувате „погрешни прашања“ и вршите емотивен притисок врз вашата сакана личност. Подобро е мирно да ги разгледувате вообичаените решенија.
Здравје
Проблеми со грлото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – Поради видео за малку ќе го загубел животот:„Никогаш не сум бил толку блиску до смртта!“

Интернет-sвездата Џејсон Кларк го довел во опасност својот живот додека снимал видео клип. Кларк има …