(ВИДЕО) Браво за Дуо Танини – Талиа и Никола: Ја препејаа „Со маки сум се родил“

Додека Македонија има  вакви таленти кој ги пеат и препејуваат македонските народни песни ние ке постоиме.
Талиа и Никола се брат и сестра кои се попознати како Дуо Танини од Кавадарци.
Талиа Василова е на 9. годишна возраст, пее, свири пијано, игра балет…има учествувано на многу фестивали, натпревари, на домашно и меѓународно ниво. Таа е дел од „Дајте музика“ со нејзина авторска песна, во соработка со Николче Мицески. Нејзин ментор по соло пеење е Ана Костадиновска. Талиа е многу талентирана и со многу љубов кон музиката.


Нејзиниот брат Никола Василов има 12. години, свири кларинет, саксофон, тарабука,компонира песни, прави аранжмани, учествува на домашни и меѓународни натпревари по кларинет и добива високи оценки.


Како Дуо Танини имаат настапувано на многу фестивали, натпревари, хуманитарни настани…
Најновото што Дуо Танини го подготви е изведбата на песната „Со маки сум се родил“ што е многу чудно со оглед на тоа дека станува збор за млади уметници, да не кажеме деца. Но, љубовта кон музиката и македонската традиција се причина и повод да се определат, после многу испеани, токму за оваа песна.
Слушнете ги!

Tanini/Танини

Големата Македонска Историска Песна 🇲🇰🎤Со Маки Сум Се Родила🎤🇲🇰The Great Macedonian Historical Song Death of Alexander

Gepostet von Танини Кавадарци am Freitag, 10. Januar 2020

„Две лири“

‼⭐#DVE #LIRI⭐‼🎶🎤🎷 🇲🇰💖⭐#TANINI #KAVADARCI⭐I💖🇲🇰 💖⭐(Talia Vasilova & Nikola Faca Vasilov)💖‼‼‼⬇️⬇️▶️▶️▶️▶️▶️⬇️⬇️⬇️‼‼‼

Gepostet von Танини Кавадарци am Mittwoch, 11. Dezember 2019

Од настапот на Stars of the world 2019 festival Albena

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славниот холивудски ерген тајно се оженил: Девојката му е бремена!?

Најпознатиот ерген Леонардо Ди Каприо тајно се оженил. Камила Мороне, со која е веќе две …