(ФОТО) ОВА Е ДЕФИНИТИВНО НЕГОВА ГОДИНА:Што одговорил Бред Пит на прашањето дали на доделувањето на Оскарите ќе ја донесе бившата сопруга број 1.!

Бред Пит дефинитивно ќе ја памти 2020. година. Не само што веќе освои три награди, туку можеби му се „насмевнуав“ и првиот Оскар во кариерата, а за кој е номиниран во категоријата за споредна улога во филмот „Once upon a time in Hollywood”(Беше еднаш во Холивуд).
Иако претходните години имало многу филмови во кои Пит ја имал главната улога и навистина добро ја завршил својата работа, оваа престижна награда на американската филмска индустрија секогаш го заобиколувала. Медиумите често пишувале дека Оскарот го заобиколува “поради убавината”.
Бред Пит вчера добил уште една награда на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, а на прашањето на новинарите како му оди на Тиндер, бидејќи на претходните доделувања на наградите се пошегувал дека ќе го освежи својот профил на оваа мрежа по многуте признанија, одговорил со „не знам”.
На прашањето дали ќе се приклучи кон Инстаграм заедницата, со оглед на тоа дека пред неколку месеци истото го направила и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон, холивудскиот актер рекол: “Мислам дека тој прозорец за мене е затворен и прилично сум среќен поради тоа”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …