(ФОТО) Мајка починала брзо после породување а нејзината последна желба спасила 12. луѓе

Кетлин Торнсон од американската сојузна држава Орегон, била мајка на четири малечки деца.
Своето четврто дете на свет го донела кон крајот на 2019. година и само пет дена подоцна се вратила во болницата поради интрацеребрален хемтом.
И покрај низата операции, состојбата и се влошила. На крајот на постоело ништо што лекарите можеле да направат за да и помогнат.
Во склад со нејзината желба да ги дарува органите, лекарите ќе спасат 12. пациенти кои чекаат трансплантација. Некои од нив чекаат на пресадување на срце и бели дробови.


„Како што знаете, смртта на Кетлин беше незамисливо тежок удар на сите кои и беа блиски, а особено на нејзиниот сопруг Џеси. Беше жена која се радуваше на благодетите на животот. Дознавме дека, во склад со нејзините сопствени желби, нејзините органи ќе бидат донирани. Медицинската сестра му признала на Џеси дека неговата сопруга е една од милион донори со такво значење“, соопштил Ричард Стабс, творец на семејната страница на Торсонови за собирање донации на GoFundMe.com.
Нивната страница ќе продолжи да собира донации со кои ќе се покријат трошоците за лекарската нега на новороденчето. На Торсонови им се веќе приложени 120. ијади долари.


На оваа потресна приказна не останала имуна ниту американската глумица Кристен Бел која на својот профил на Инстаграм споделила фотографија од семејството Торнсон после породувањето на Кетлин, откривајќи дека им подарува годишна залиха на пелени и влажни марамчиња за бебето.

Кетлин Торнсон зад себе го оставила саканиот сопруг Џеси и децата Дени, Грејс, Џејмс и Теди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ …