ПРЕПОРАКИ НА СЗО – СВЕТСКА КОМИСИЈА ЗА ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ: Сите држави да се подготват и да превземат мерки против ширење на коронавирусот!

Светската здравствена организација (СЗО) им препорачала на сите земји да се подготват за натамошно ширење на коронавируси и да преземат мерки на претпазливост, објавено е по состанокот на Меѓународната комисија за итни случаи.
Комисијата, која дава совети за јавно здравје и предлага привремени препораки, се состана на 22. и 23. јануари во врска со појавата на нов коронавирус во Кина и неговото ширење во Јужна Кореја, Јапонија, Тајланд и Сингапур.
Се очекува да се појават нови случаи, во која било земја, така што сите земји треба да бидат подготвени активно да ги следат движењата на луѓето, рано откривање на пациентите и нивна изолација, следење и спречување на ширење на инфекцијата, како и споделување на целосни податоци со СЗО.
„Бидејќи станува збор за нов коронавирус, потребни се значителни напори за редовно разменување на информации и продолжување на истражувањата на откривање на лек“, велат од СЗО.

Врз основа на информациите добиени од кинеските власти, се проценува дека 25% од потврдените случаи се сериозни а изворот на инфекцијата сè уште не е познат, иако се верува дека е од животинско потекло.
Исто така, степенот на пренесување на вирусот од човек на човек се уште е нејасен, според веб-страницата на СЗО.
Затоа, Меѓународната комисија за вонредни состојби ги поддржува напорите да се испита изворот на епидемијата, степенот на пренесување од човек на човек и напорите за зајакнување на мерките за заштита.

Комитетот ги поздравил напорите на кинеските власти да ја испитаат и спречат сегашната епидемија со ограничување на патувањето во загрозените региони.
Во извештајот на СЗО се повикуваат земјите да работат на спречување на секундарниот пренос и ширење на меѓународно ниво и да продолжат со истражувањето за да најдат лек за овој нов вид вирус.
Членовите на Комисијата се согласиле за итноста на ситуацијата и предложиле да се состанат повторно за неколку дена кога дополнително би се испитала состојбата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …