ОДЛУКА – Имав 34. години кога сфатив дека сум станала мрзливо, дебело прасе: Еве како ги променив животот и навиките!

Одлучив да склопам пакт сама со себе: отсега ова ќе го правам секој ден…
Имав 34. години кога сфатив дека сум станала мрзливо, дебело прасе.При најмал напор здивот ми се забрзуваше, срцето му чукаше како лудо, а зглобовите „ме убиваа“. Но, цврстата решеност нешто да променам се случи оној момент кога на фотографии го видов моето тело – додека стоев во друштво на пријатели. Тогаш се зареков дека морам да излезам од оваа црна дупка во која упаднав.


Први чекори
Прво погледнав се околу себе. Живеев во куќа преполна со предмети: полици полни со книги и сувенири купени без ред. Предмети ѕиркаа од секој агол. Пријдов до фрижидерот и го отворив. Рацете ми се тресеа од глад, а во главата ми беше паника и депресија измешани во едно чувство на безнадежност. Не знам што се случи со мене, но знам дека ја загубив контролата над мојот живот.
Тој факт толку ме вознемири што во некоја еуфорија прво ги исфрлив сите непотребни работи од куќата. Ги фрлив и сите оние „работи за не дај боже“. Ја земав кантата за ѓубре и во неа наполнив скоро се од фрижидерот. Ги фрлив и непотребните садови од кујната, ги расчистив собите и бањата и како мал дел од „големата одлука“, го исклучив телефонот.


Ова беше најлуда одлука во мојот живот
Неколку дена после оваа акција насекаде ме окружуваше белина и чистота. Кујната беше средена и чиста, фрижидерот бел и полупразен, со само неколку неопходни намирници: млеко, јајца, портокали. Во орманите неколку панталони, неколку маички и џемпери. Се почувствував слободна. Како мојот чист и празен стан конечно да ме пушти надвор. Излегов и шетав по улиците на градот. За вежбањето уште не размислував, но секој ден го обиколував градот. После некој период почувствував дека сум на вистинскиот пат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …