(ВИДЕО) Со помош на ЗД печатачи научниците ѝ го вратиле гласот на мумијата стара 3.000 години: Слушнете како звучи

Мекото ткиво во грлото и вокалниот тракт на мумијата биле доволно сочувани така што Несјам бил прекрасен кандидат на кој ќе се обидат да направат репродукција на звукот.
Научниците со помош на технологијата на 3Д печатачи, медицински скенер и електронски душник ги рекреирале гласните жици на мумифициран свештеник кој живеел во Египет пред 3.000 години и дознале како звучел неговиот глас.
Во трудот кој денес е објавен во научно списание, авторите велат дека техниката овозможува да се произведе еден единствен звук – „Е“.
„Звукот кој го слушате го произведуваат неговите гласни жици од положбата во која лежи во саркофагот“, рекол електротехничарот Дејвид Хауард од лондонскиот Универзитет Ројал Холовеј

Тонот „Е“ веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несјамун со чие мумифицирано тело истражувачите работеле, затоа што јазикот во текот на три милениуми ја изгубил својата големина и квалитет.
„Тоа е нешто на што работиме и ќе биде возможно еден ден“ – рекол еден од авторите, Дејвид М.Хауард.

Тој претходно со истата метода репродуктирал гласни жици и гласови на луѓето од денешно време, вклучувајќи го и својот глас и сфатил дека звуците кои се создаваат звучат многу реално и се блиски до оригиналот.
Мекото ткиво во грлото и вокалниот тракт на мумијата биле доволно сочувани така што Несјам бил прекрасен кандидат на кој ќе се обидат да направат репродукција на звукот.
„На египтолозите веќе им е позната фонетиката и начинот на изведување на музика од тој период така што можеме да репродуцираме делови од она што некогаш тој го пеел“, вели Хауард.

За да го направи тоа, тој ќе мора да користи компјутерски софтвер кој би одговарал на гласот со тој распон, а бидејќи јазикот ја игра најголемата улога во говорот и пеењето, а јазичните мускули на свештеникот не се добро сочувани научниците ќе мора да поработат и на тоа.

Археолозите сметаат дека свештеникот починал на 50-годишна возраст, а видливо е дека имал полураспаднати заби и дека бил болен.
„Доколку му креираме јазик ќе може да го усогласиме со неговиот вокален тракт. Тоа е изводливо“, заклучил Хауард.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ …