(ВИДЕО+ФОТО) ТАЈВАНСКАТА БАБА ГО ОСВОИЛА СВЕТОТ: Има 63. години и изгледа ФАНТАСТИЧНО!Нејзината тајна е во СУПА – ја јаде секое утро!

Тајванската актерка, пејачка и телевизиска презентерка Чен Мејфен последниве денови привлече големо внимание од светските медиуми. Имено, на многумина не им е јасно како Чен изгледа толку добро, како воопшто да не ’старее’. Оваа Тајванка има 63. години, а изгледа барем двапати помладо, велат нејзините фанови.


Имено, Чен неодамна на националната телевизија водела емисија и освоила со својот изглед. Тајванската презентерка носела проѕирен фустан со монистра и пердуви кои ги покривале „клучните“ делови на телото, а цената на фустанот е 15.000 фунти.
Фустанот го откри и нејзиниот затегнат стомак, а многу обожаватели се прашувале која е тајната на нејзиниот младешки изглед. Оваа актерка е активна пред малите екрани во последните 30. години и ја носи титулата „најжешка тетка во Тајван“.
Националната телевизиска sвезда тврди дека за својот изглед може да му се заблагодари на ѓумбирот што го користи постојано за супата што ја пие на појадок.

„Инаку, додавам парчиња ѓумбир во супата. Мислам дека затоа имам блескава кожа“, рекла таа во интервјуто. И покрај здравата исхрана, Чен не може да се натера да оди во теретана, па има приватен тренер со кого вежба еднаш или двапати неделно.
„Знам дека треба да вежбам. Љубоморна сум на оние луѓе кои од навика одат во теретана. Секогаш морам да се присилувам на вежбање“, признала Чен, која тежи 52. килограми и секој ден носи високи потпетици. Сепак, Чен е најсреќна кога може да се опушти и да носи фармерки и маичка.

Тајванската водителка последните пет години е сама.Минала низ тежок развод со сопругот со кого била 10 години во брак, и вели дека сè уште не ја изгубила својата вера во љубовта.
„Мажите сакаат помлади жени, па тешко ми е да го најдам идеалниот партнер“, заклучува Чен.

View this post on Instagram

☀️☀️☀️

A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ …