АО: Крај за Серена, Возниацки, Киз…

Серена Вилијамс е елиминирана во третото коло на Австралија Опен, во три сета од Кјанг Ванг.
Кинеската славеше во три сета со резултат 6:4, 6:7, 7:5, иако мечот можеше да го заврши и во вториот сет.

Уште една некогашна Грен слем шампионка го заврши учеството на АО во третото коло. Од Каролина Возниацки, која Австралија Опен го освоила во 2018. година,подобра беше Онс Жабер со 2:1. За Возниацки тоа значеше и крај на тениската кариера бидејќи пред првиот Грен слем во сезоната најави повлекување од тенисот.

Петра Квитова немаше проблеми против Јекатерина Александрова бидејќи и препуштила само три гема.
Медисон Киз загуби од Марија Сакари, два пати по 6:4. Ешли Барти со 2:0 ја совлада Елена Рибакина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Фановите загрижени поради состојбата на тенисерот број еден во светот: „Што се случува со окото на Ѓоковиќ?“

Новак во текот на натпреварите не покажал дека има некаков проблем, а можеби станува и …