(ВИДЕО+ФОТО) „Лица и дела“ – Мери Младеновска: Многу повеќе од водител и уредник!

Мери Младеновска, уредник, водител, пејач, поет, сликар…и многу повеќе…

Сигурно ја имате гледано како водител и уредник на „Лица и дела“ на ТВ Сонце, емисија која на програмата е секоја сабота…Подолу ќе се обидеме да ви откриеме дел и од другите активности и интереси на оваа млада жена која ја заслужува секоја почит бидејќи е многу повеќе од водител и уредник на ТВ емисија…
Првите почетоци на Мери Младеновска се на „Мелфест“ во 1996. година заедно со Тоше Проески, Дани, Андријана Јаневска, Марјан Стојановски, игор Узунов…Овој фестивал го памти по дружењето но и втората награда од стручното жири…Генерацијата млади пејачи другарува и вон фестивалката сцена па така Мери се дружи со Тоше па тоа резултира и со заеднички настап.
И, додека другите се определуваат исклучиво на музика Мери Младеновска поради многуте интереси малку се тргнува од друштвото бидејќи во тој период повеќе интерес покажува за поезија и сликање, но и креирање облека…


Сепак, не може без музиката, и со Cross road blues band настапува на „Скопскиот џез фестивал“ во Универзална сала.
Мери Младеновска веќе 9. години е уредник и водител на бренд емисијата „Лица и дела“ на ТВ Сонце во која гостувале познати имиња од естрадата во Македонија но и надвор, доктори на науки, писатели, хумористи, актери, новинари, сликари, композитори…едноставно кажано личности кои имаат „тежина“ во своите професии, како Вања Лазарова, Есма Реџепова, Жаре од „Еден на еден“, Наум Петрески, Ѓоко Ѓорчев, Гаро и Јуниор Тавитјан, Горан Илиќ, сите актери од серијата „Итар Пејо“…

Новата сезона е во подготовка и веќе се потврдени гостувањата на Мето Јовановски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОР ОД БАЗЕН: Тренерот исчезнал под вода откако го грабнал КИТ УБИЕЦ!

Во познатиот аквапарк „Sea World“во Сан Диего, кит убиец, пред шокираната публика го нападнал тренерот …