Парична помош за авторите и протагонистите на „Медена земја“

Владата донесе одлука за материјална помош и поддршка на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, кој по серијата меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории, објави на својот фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, петчлената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот ‘Медена земја’ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик“, наведува Спасовски.
Прес-службата на владата, соопшти дека Министерството за труд и социјална политика е задолжено да ги преземе сите потребни активности за материјална помош и домување за Атиџе и нејзиното семејство, а Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на екипата што го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во петок во НОБ:„Лебедово езеро“

Приказната за забранетата љубов во магична атмосфера и моќна, мелодична музика: „Лебедово езеро“, најпознатото балетско …