(ФОТО) Ќерката на славната глумица минува низ тежок период – Трудната глумица проговорила за проблемите:Се разведувам и имам дијабетес!

Глумицата и блогерка, Ева Амури Мартино, ќерка на глумицата Сузан Сарандон, открила дека моментално минува низ најтешките моменти во животот. Имено трудната глумица признала дека се разведува, но и дека е болна од дијабетес.


„Во последно време се повлеков, не сум била на социјалните мрежи затоа што сакав да им се посветам на децата колку што е можно повеќе и да им олеснам она што не снајде. Сопругот Кајли Мартино и јас се разведуваме и влегуаме во онаа завршна фаза на раздвојување кога мораме да решиме многу работи, како пренесување на сите комуналии на мое име, што никогаш не е забавно. Тоа е како да започнувате одново, целиот живот“, открила Ева, додавајќи дека дваесет пати морала да каже дека се разведува.


“Денес морав барем 20. пати да кажам дека се разведувам, и не е забавно кога треба повторно да им кажувате на целосни странци кои ве прашуваат како да ве знаат. Како сето ова не е доволно, јас само што открив дека имам гестациски дијабетес, дијабетес што се развива во бременоста, што за мене беше голем шок “, напишала таа, додавајќи дека мора да оди на дополнителни тестови и дека има тешкотии да се справи во овие моменти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Хрватска глумица во најмало бикини на сите времиња

Коментарите не изостанале, а сите на хрватската актерка Мада Першиќ и порачуваат дека е згодна, …