Американски фолк пејач починал на сцена среде песна

Дејвид Олни, американски фолк пејач, починал на сцената за време на настапот на 71. фестивал во Флорида.
Пејачот само се извинил на средина на песната, ги затворил очите и се смирил, изјавија за Би-Би-си двајца музичари кои биле покрај него на сцената.
Пејачот имал срцев удар додека настапувал во Санта Роса.
“Олни беше на средина на третата песна. Кога паузираше, тој се извини и ги затвори очите”, напишал на Фејсбук Ејми Ригби, музичарот што седел до него на сцената.
“Тој беше многу смирен, седеше исправено со гитарата во скутот. Имаше супер капа и прекрасна јакна превртена на главата”, додал Ригби.
Скот Милер, кој исто така настапил со нив, се обиделда го оживее Олни:
„Ние го спуштивме и дадовме се’ од себе за да го вратиме додека не дојде брза помош. Светот изгуби одличен музичар“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДИВИ ТАНЦИ – ЕВЕ КАКО ДЕНЕС ИЗГЛЕДА огнената Руслана (47), победничката на Евровизија во 2004. година!

Денес има 47. години, но се чини дека времето застанало за неа и дека не …