(ФОТО) На главата на бебето се појавило мозолче, што било знак на опасен вирус

Загрижената мајка го прашала лекарот за состојбата на нејзиниот син, но докторот ја уверил дека станува збор за егзема и дека не мора да се грижи.
Не бакнувајте го бебето на лицето – е главно правило при посета на новороденче. Знаеме дека малите бебиња се слатки, но не е вредно да се ризикува заради опасностите што им се закануваат.
Ријан Брејс од Англија за жал го открила ова на свој случај откако нејзиниот новороден син Ерни се заразил со потенцијално смртоносен вирус за новороденчиња – неонатален херпес.
По меурчиња по целата глава кои изгледале се полошо, малиот бил однесен во болница и добил терапија, што помогнала само во почетокот. Но, неговата мајка вели дека не бил излечен. Таа ја сподели нивната приказна на Фејсбук за да ги предупреди родителите за знаци на сериозна инфекција.

Инаку на Ријан имала дијагноза на полицистични јајници-синдром и ендомтриоза и се борела да забремени долго време. Лекарите и рекле дека нема да може да зачне природно, но била решена. Таа успеала да остане бремена и кога конечно се породила,и се чинело дека неговото раѓање е чудо.
„Две недели откако се роди бебето, забележав мало мозолче што изгледаше како меур на главата, но не знаев што е тоа. Тој немаше температура, добро спиеше и добро јадеше. Единствениот знак дека нешто не е во ред беше малата дамка како меур што пукна по бањање. Ја измив главата и тој дел во случај да добие инфекција“, напиша таа.

Загрижената мајка го прашала лекарот за состојбата на нејзиниот син, но докторот ја уверил дека станува збор за егзема и дека не мора да се грижи. Но, три дена подоцна, на неговата глава се појавиле повеќе меури, а уште, шест дена подоцна, што сериозно ја мачело. Новите „меурчиња“ изгледале како инфекција и таа одлучи да побара подобра дијагноза.
„Кконтактирав со доктор за второ мислење. Бевме испратени во болница и ни беше кажано дека детето треба да го прегледаат педијатри и специјалисти за кожа. Три дена подоцна ми кажаа дека тоа е херпес симплекс, што обично се јавува на усните“.
Оваа дијагноза ја збунила младата мајка. „Не ја разбрав тежината на ситуацијата. Сè што ми кажаа е дека на моето бебе му требаат антивирусни лекови. И ако не се лекува, оваа состојба е исто толку смртоносна за бебињата, како и менингитис, бидејќи започнува да ги напаѓа белите дробови, мозокот и другите витални органи“, рекла таа.
Според Детската болница во Бостон, херпес симплекс е сериозна состојба кај новороденчињата, која може да биде смртоносна ако не се лекува. Вирусот може да се прошири на мозокот и ‘рбетниот мозок и да ги оштети црниот дроб, бубрезите и белите дробови.
Лекарите ја пофалиле мајката за брзото реагирање и со тоа му го спасила животот на Ерни, но и и’ објасниле дека бебето го примило вирусот или преку вагиналниот канал при раѓање или преку контакт со човек. Ријан никогаш не го имала вирусот на херпес, па се претпоставува дека бебето било заразено од член на семејство, кој или ја допирал главата на бебето без да ги мие рацете или да ја бакнува главата, дури и без да знае дека е носител на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОР ОД БАЗЕН: Тренерот исчезнал под вода откако го грабнал КИТ УБИЕЦ!

Во познатиот аквапарк „Sea World“во Сан Диего, кит убиец, пред шокираната публика го нападнал тренерот …