(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ успешно ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Вториот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, совладувајќи го Германецот Јан Ленард Струф со 3:1 на стартот на турнирот.

На бранителот на титулата му беше потребно време да го сруши отпорот на достојаниот ривал. Сепак, по два часа и 16 минути успеа да забележи триумф – 7:6, 6:2, 2:6, 6:1. Новак ја забележа својата 900-та победа на АТП турнејата.

Факт е дека Струф беше борбен,што се потврдува со фактот дека тој е првиот играч кој освои сет против Новак во првото коло на Австралија опен од 2006. година. Тој стигна и до првиот сет во дуелот со друг играч на светот.

Новак играше променливо. Тој добро го започна натпреварот, но на крајот од првиот сет му дозволи на ривалот да се врати во игра. Сепак, во тајбрекот уште еднаш покажа дека му нема рамен при одлучувањето за дополнителната игра.
Во вториот сет Новек беше доминантен, во третиот сет целосно му дозволи на ривалот да ја контролира ситуацијата и двапати да му го одземе сервисот.
Во четвртиот сет, работите се вратија на свои. Новак одлично сервираше, имаше одговор на секој удар на ривалот, и напредуваше во второто коло.
Во следното коло актуелниот шампион ќе игра против подобриот од дуелот Такума Ито – Прајнес Гунешвар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ -Го ставила стапот меѓу градите и одиграла одличен потег…

Пејџ Спиранац, популарна американска голферка со хрватско презиме, веќе е прогласен за една од најубавите …