(ФОТО) 4. дами доминирале на SAG наградите: Кој би рекол дека ги имаат тие години?

Синоќа се доделени SAG наградите каде се собрале најголемите имиња на Холивуд.

Сите очи внимателно го следеле секое движење на Џенифер Анистон (50), која се појавила на црвениот тепих облечена во бел фустан на Диор, под кој не носела ништо. Секој обрис на телото бил совршено исцртан, а актерката била полна со самодоверба,и задоволно позирала за фотографите.

Скарлет Јохансон (35) изгледала апсолутно фантастично во зелениот фустан на Армани на кој имала кристални ленти на грбот. Актерката била придружувана од Колин Јост, со кого актерката веќе две години е во врска.


Џенифер Лопез (50) се појавила во црн фустан со длабоко деколте со потпис на Горџ Хобеик. Сите веќе се навикнати на беспрекорниот имиџ на оваа уметничка, а овој пат ги исполнила сите очекувања. Џенифер на црвениот тепих дошла со својот вереник Алекс Родригез (44). Џенифер носеше накит вреден 9. милиони долари.

Шарлиз Терон (44) изгледаше како вистинска холивудска ѕвезда облечена во Живанши. Со сребрен топ и црно долго здолниште, актерката доминираше на црвениот тепих.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Била олицетворение на убавина: Поради пластичните операции денес изгледа непрепознатливо!

Никол Кидман беше фотографирана на сетот на филмот на кој работи, а нејзиниот изглед ги …