Дневен хороскоп за понеделник, 20.01.2020: Настапува период кога ќе посакаме одредени слободи, секој знак на свој начин – но и потреба за дружење и во живо и преку социјалните мрежи!

Сонцето влегува во Водолија на почетокот на новата недела кога има еден вид будење, а по престојот на сонцето во Јарец кога бевме заробени од теми поврзани со работата, материјалниот статус и кариерата воопшто. Ова е период кога ќе посакаме одредени слободи, секој знак на свој начин, некаде помалку а некаде повеќе. Потенцирана несекојдневно, се јавува потреба за дружење и во живо и преку социјалните мрежи и така се до 19 февруари…
Ви посакуваме убав и пријатен почеток на неделата!
Овен
Работа
Нема причина да се споредувате со околината и да започнете нова дискусија. Важно е да ги почитувате вашите морални принципи. Не треба да се докажувате пред луѓето кои применуваат различни критериуми за успешен бизнис.
Љубов
Инсистирањето на претерани барања пред партнерот има негативен ефект. Некому му пречи вашата нетрпеливост или импулсивно однесување.
Здравје
Во вечерните часови ќе ви годи релаксација.
Бик
Работа
Може да ја толкувате нечија порака на различни начини, па обидете се да ја погледнете светлата страна на медалот. Важно е да ги извршите деловните обврски во определениот рок. Нема причина да се размислува за нови изговори како оправдување.
Љубов
Важно е да се запознаете со сите основни правила на однесување пред да прифатите нечија „емотивна игра”.
Здравје
Обрнете внимание на вашите основни потреби.
Близнаци
Работа
Нема потреба да се оптоварувате со туѓата приказна или да се грижите за понатамошна перспектива во деловно-финансиската соработка. Опкружувањето помага во меѓусебниот успех и некој се обидува да ви обезбеди подобри материјални услови.
Љубов
Доброто чувство кое го имате навестува на возбудлива забава или нова емотивна средба. Проверете ја вашата љубовна среќа според расположението и можностите што ве придружуваат.
Здравје
Се чувствувате добро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 20.02.2020:Нема потреба да одговорите на нечија емотивна провокација – Останете воздржани, избегнувајте конфликт…

Овен Љубов: Се чувствувате носталгично и размислувате за нечие отсуство. Жалите за некои пријатни спомени. …