АО – прв ден: Елиминирани Шаповалов и Чориќ – сигурни Федерер, Циципас и Ѓоковиќ

Ниту половина од натпреварите во машка конкуренција не се одиграа на првиот ден од Австралија опен во Мелбурн. Деветнаесет натпревари беа откажани или опрекинати, така што на вториот ден од турнирот, програмата ќе беше пренатрупанаа, буквално на секој терен.


Сепак, од елиминација не „избега“ Денис Шаповалов (13-ти носител) и Борна Чориќ (25-ти).
Канаѓанецот клекна пред Мартин Фучовиќ. По 197. минути игра,беше 3-1 за Унгарецот – 6:3, 6:7 (7:9), 6: 1, 7:6 (7:3).

Шаповалов ја промаши својата последна шанса на стартот на четвртиот сет, кога поведе со 2-0 и имаше брејк на 4:2. Фучовиќ се реваншираше во осмиот гем (4:4) за да во тајбрекот дојде од 1:2 на 6:2, па можеше да започне прославата.

По шести пат во својата кариера, Чориќ беше елиминиран во првото коло на некој Грен Слем турнир. Тој немаше шанси против искусниот Американец Сем Квери – 3:6, 4:6, 4:6.
Бугаринот, Григор Димитров во првиот сет се мачеше со Аргентинецот, Ландер, но вториот, третиот и четвртиот ги одигра во грандиозен стил – 4:6, 6:2, 6:0, 6:4.

Федерер, Чиципас и Ѓоковиќ остануваат најголемите фаворити во „долниот“ скелет, иако целосната слика ќе биде појасна дури по утрешните натпревари.
Единствениот натпревар во пет сета го одиграа Даниел Еванс (30-ти носител) и малку познатиот Американец, Мекензи Мекдоналд. Британцецот славеше по големиот пресврт, бидејќи на семафорот пишуваше 3:6, 4:6, 6:1, 6:2, 6:3. Натпреварот траеше три часа и 23 минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Реал подготвил замена за Зидан, кој е психички скршен!

Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е една од работите што ја интригираат јавноста …