Невеста ја откажала венчавката бидејќи младоженецот, на социјална мрежа, се пожалил на цената на венчаницата

Иден младоженец предизвика вистински хаос и’ на Интернет и во неговиот љубовен живот кога направил проблем поради цената на фустанот што го избрала неговата вереница.

Објавата напишана од еден корисник на „Редит“ на оваа платформа го довела во сериозна неволја. Имено, тој напишал за својата свадба, а во таа прилика се пожалил на цената на венчаницата што неговата вереница сака да ја купи. Бидејќи со оваа објава предизвикал голема реакција кај корисниците, тоа дошло до неговата идна сопруга, која откако ја прочитала, решила да ја откаже венчавката.
Идниот младоженец кој на платформата се претставил со вистинското име, Џош, прво ги прашал луѓето дали е „лош човек кој сметаше дека изборот на венчаница на неговиата вереница е премногу екстравагантен и предложил алтернатива“, а потоа почна да објаснува дека тој е многу порационален со парите отколку неговата идна сопруга.
„Свадбата беше договорена за јули, најдовме место и скоро сè беше договорено. Сè што остануваше е да се купат фустани за деверушите и венчаница. И двајцата сиздвоивме по 10.000 американски долари за свадбата, сè беше платено и ни останаа уште 6.000 долари, што мислам дека треба да ги додадеме на парите што планиравме да ги потрошиме на нашиот меден месец. Никогаш не бевме екстравагантни, и тогаш дојде време таа да ја избере нејзината венчаница. Свесен сум дека сè за свадбата е скапо, но не очекував дека таа ќе сака да плати 950. долари за венчаница и 120 долари за превез“, стои во овој пост.
Потоа, тој посочил дека неговиот костум не ги чинел ништо и дека на Интернет пронашол многу поприфатливи венчаници, што тој ги предложил како замена.

„Јас ќе го облечам стариот смокинг што татко ми го носеше кога се ожени со мајка ми, само малку го доработив, а Ема не може да ја носи венчаницата на мајка си, бидејќи и двете велат дека стилот значително се променил, што е ОК. Направив брзо пребарување на Интернет за венчаници и видов дека изборот е голем, како и дрк имам многу венчаници слични на онаа што ја сакаше Ема, кои чинат од 50 до 100 долари. Целта не ми е да бидам скржавпоради венчаница која буквално ќе ја овлече само еднаш, туку сметам дека е лудост за една венчаница да се даде повеќе од 1.000 долари, особено затоа што би можеле да ги издвоиме за меден месец. Се обидов да и покажам неколку венчаници на една апликација и на некои страници, но не и се допаднаа. Таа е многу витка, но изгледа дека сака венчаница, направена специјално за неа“, напишал Џош подолу.
Тој потоа истакнал дека парите не се пари на неговата вереница, затоа што ќе станат и негови веднаш штом се венчаат, со што збеснал многу корисници.
„Сè мина многу непријатно, затоа што реков дека нема да дадам толку пари за венчаница, а таа тврдеше дека таа дава свои пари за неа, што не е точно, затоа што ќе се ожениме и ќе ги дспоиме финансиите. Потоа, нејзината мајка исто така мораше да интервенира, таа и понуди да и плати венчаница, но поентата беше дека не можеме да си го дозволиме тоа. Тоа е венчаница! Постојат многу поевтини венчаници на Интернет! Мислев дека со задоволство ќе најде поевтиниа венчанициа, кои изгледаат многу како онаа што сака да гја купи, но таа збесна и се вознемири. Дали направив нешто погрешно, затоа што по расправија околу венчаницата на Ема, таа стана многу студена кон мене? Вчера ми рече дека ако сакам да штедам на нејзината венчаница, таа мора сериозно да размисли за тоа дали сме еден за друг. Шокиран сум што тоа го рече поради еден фустан. И одговорив дека се однесува како мало луто дете на кое не му беше дадена играчка, па затоа отиде кај нејзините родители, кои ми се јавија и ми рекоа дека сум гом**е“, пишува тој на крајот од својата објава.
Корисниците на Reddit веднаш одговориле на ова и повеќето се согласиле со изјавата на родителите на девојката, нарекувајќи го Џош, гом**р.,но приказната не завршува тука.
Џош подоцна напишал дека Ема одлучила да ја откаже венчавката кога открила дека на Редит се пишува за неа, бидејќи тој освен с воето го открил и нејзиното вистинско име.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕТО: 10. начини да ја победите несоницата

Дали сте од оние кои кога ќе легнат никако не можат да заспијат? Без грижа,  …