„Немојте ниту да се обидувате„: 3. совети за лицата кои се во врска со овој хороскопски знак

Ако случајно сте во брак со Стрелец или засега во врска, веројатно, и самите, сте по природа и енергична личност …
Сепак, вашиот партнер е еден од најзабавните, најпаметните и најгласните хороскопски знаци. Но, како да го припитомите нивното диво срце?
Па, тајната се крие во само една реченица – дне се ниту обидувајте. Стрелците имаат навика да живеат поинтензивно во своето тело отколку другите хороскопски знаци. Иако интелектуално се исполнети, тие ги обработуваат своите податоци кинестетски. Ако сакате да ја задржите љубовта во врската или бракот, сè што треба да сторите е да го забрзате пулсот – одете на заеднички прошетки, спортувајте и уживајте на отворено, но внимавајте на нивните конкурентни страни – иако тие ве сакаат, сакаат да победуваат.
Парот што патува заедно останува заедно, барем кога еден од нив е Стрелец. Стрелците се по природа авантуристи и ништо не ги возбудува повеќе од доброто старо патување – тие на тоа гледаат како на време кое го поминувате заедно, можност да уживате во музиката, локациите и храната. Ако се премногу долго на едно место, Стрелецот станува нервозен,што влијае на секој аспект од нивниот живот, вклучително и бракот и врските. Кога се во движење, тие се мирни и уживаат во секој аспект од животот.
Како еден од најдуховитите хороскопски знаци, Стрелецот може да ве „боцне“ во вистински момент, кога најмалку го очекувате. Иако сакаат да бидат во центарот на вниманието, Стрелецот исто така сака и партнер во комедијата што ја создаваат. Слободно можете да одговорите на нивното „боцкање“ со саркастични коментари, но не бидете злобни и доживејте вистинска романса, пишува Мари Клер (Marie Claire).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 20.02.2020:Нема потреба да одговорите на нечија емотивна провокација – Останете воздржани, избегнувајте конфликт…

Овен Љубов: Се чувствувате носталгично и размислувате за нечие отсуство. Жалите за некои пријатни спомени. …